Почетна / Серии / Хурем ќе плати 800.000 евра казна за заминувањето

Хурем ќе плати 800.000 евра казна за заминувањето

 

Договорот со продуцентите е таков – поради напуштањето на серијата можеби ќе треба да плати казна од 800.000 евра, а во следните 5 години не смее да игра во серија на конкурентска телевизија.

 

 

Мерием како Хурем во серијата „Величествениот“ – бунтовна и своја, без оглед на договорот со продуцентите, кога веќе не можеше да издржи си замина.

Не е прв пат таа да ги налути продуцентите.

Кога ја примаше наградата за најдобра актерка во Турција, таа изнесе куп критики за траењето на епизодите од „Величествениот“ од околу 2 часа и апелираше тие да траат само 45 минути зашто вака „сите како роботи седеле пред телевизорот и немале време за ништо“, Повеќето мислеа дека се шегува, продуцентите се фаќаа за глава.

„Шефовите се бесни што ја исмеа нивната работа, а тие од неа направија ѕвезда. Ја сметаат за неблагодарна и размазена“, велат турските новинари.

Всушност од тој момент, по кавгата со продуцентите Мерием веќе не можела да издржи. Кога си замина за Берлин без да извести кој било, продуцентите сфатиле дека серијата без неа нема да е иста и го молеле татко и Хусеин да ја врати, ветувајќи дека ќе ангажираат најдобри психолози и психијатри за нејзината депресија, но тој одбил.

„По ова ќе бидам посилна. Ја имам поддршката на најблиските“, напиша Мерием на Твитер.

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Познатите „Чувари на плажата“ од 90-тите се враќаат на Телма

Од понеделник до петок на Телма телевизија во 17.30 часот ќе се емитува популарната американска …