Почетна / Забава / Afrojack, Claptone, Maceo Plex, Vini Vici – хедлајнери на Ohrid Calling 2024!

Afrojack, Claptone, Maceo Plex, Vini Vici – хедлајнери на Ohrid Calling 2024!

После ланската спектакуларна фестивалска едиција, оваа година Авалон се погрижи да ги помести  границите и да ви спреми уште поимпресивна и повозбудлива програма! Секој настап и секој од овогодинешните хедлајнери има одредена карактеристика која го прави Ohrid Calling 2024 фестивалско издание кое не смее да се пропушти!

Како ултимативен хедлајнер оваа година на сцената на Ohrid Calling пристигнува едно од најголемите имиња на dance и electronic сцената во моментов, superstar DJ – от, AFROJACK! Познат по своите експлозивни и chart – topping хитови, Afrojack ја доминира електронската и фестивалска сцена во моментов и не покажува знаци дека во блиска иднина ќе престане!

Оваа година, за прв пат во регионот, Ohrid Calling армијата ќе има уникатна шанса да биде дел од ексклузивен сет на powerhouse дуото VINI VICI, за прв пат со ДВАЈЦАТА ЧЛЕНА, што е навистина ретка и спектакуларна можност, најчесто резервирана за најголемите светски фестивали како Tomorrowland, Ultra, и оваа година – Ohrid Calling!

  • Мислиме дека ова совршено ја пресликува позицијата и статусот кои ги има Оhrid Calling во фестивалската и EDM индустрија… Ним им се придружува и house виртуозот со мистериозна персона, за прв пат на сцената на Оhrid Calling, и премиерно во Македонија – Claptone!

И за крај, како дел од официјалното Deeper Underground Closing Party, ултимативниот мастер за комбинирање на techno, house и electro и еден од моментално највлијателните артисти на техно сцената, премиерно во Македонија, Maceo Plex!

Покрај нив, тука се и  Rave Republic, Laura Van Dam, Henri PFR, Avnu, Magnificence, Fernanda Pistelli, Leena Punks, Cyrillic, Delovski, Diah, Invictoz, Blu, Flowzy & JanaSlayy! 🥳

Продажбата на БЛОК ВЛЕЗНИЦИ (за сите 4 фестивалски дена) по исклучително поволни цени е започната :

БЛОК ПАРТЕР – 3.500 ден. (€57)

БЛОК ФАН ПИТ – 4.500 ден. (€73)

БЛОК ВИП – 6.000 ден. (€100)

Програмата за секој посебен фестивалски ден како и цената на дневните влезници ќе биде објавена на 17ти јуни, додека продажбата на влезници ќе започне на 19ти јуни.

This year, we will be lighting up the sky!

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заврши „Фолк Фест Валандово 2024”, прочитајте кои се победниците

Со песната „Темјана”, музика на Ванчо Димитров, текст Огнен Неделковски и аранжман на Љупчо Соколовски, …

error: Содржината е заштитена!