Почетна / МК Сцена / Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Видео | Песни, плач и емоции на големиот концерт во чест на Тоше

Имаше нешто во луѓето тажно … спомени за Тоше Проески

Вчеравечер во Вип Арената “Борис Трајковски” се одржа голем хуманитарен концерт во чест на Тоше Проески, на кој беше промовиран неговиот нов албум „Тајно место“ (Secret Place) со нови, досега необјавени песни. Емоции, солзи, носталгија, сеќавања на најубавото време во македонската музичка историја – времето на легендата Тоше Проески.

Ѕвезденото небо кое го направи Тоше вчеравечер беше исто толку големо и моќно, но овојпат… за жал… без него. 11 годни голема празнина во нашата земја без неговиот лик, без неговата неопислива харизма, неговата човечност, позитивен дух, без неговите песни од кои зрачеше само љубов и желба за подобро утре.

На концертот настапија многу македонски и балкански ѕвезди кои ги испеаа неговите најголемите хитови меѓу кои и Каролина Гочева (Немир), Тијана Дапчевиќ (Тајно моја), Тамара Тодевска (Једина), Александра Јанева (Рани на усните), Антониа Гиговска (Студена), Огнен Здравковски и Денис Димовски (Лагала нас мала), Александар Тарабунов (Волим осмијех твој), Наум Петрески (Твоите бакнежи на моите бели кошули), Борис Новковиќ (Цреша), Александра Радовиќ (Чија си), Даниел Кајмакоски и Ања Рупел (Крајње време), Бојан Маровиќ (Полско цвеќе), групата „Фрајле“ (Во коси да ти спијам) и Борис Режак (Једина).

Продуцентот на новите песни, Енди Рајт видно возбуден, ги поздрави присутните со зборовите „Ве сакам сите“, додавајќи на англиски дека ја сака Македонија, нејзиниот народ и музика.

На крајот го видовме и спотот за насловната песна од новиот албум, „„Secret place“, што е снимен во Крушево во режија на Александар Пауновски, во кој на своевиден начин беше откриено и кое е тајното место на Тоше. Крајот на концертот со овој спот беше причина за целата публика да се расплака и да го искаже она што сите го знаат и чувствуваат – Тоше Проески е еден и без Тоше никогаш ништо нема да биде исто.

Што е тоа во луѓето тажно 🍒

Gepostet von Kristijano Kris Manev am Freitag, 2. November 2018

 

Тоше, ни фалиш на сите и со вакви убави настани секогаш ќе се присетуваме на најголемото богатство што ни го остави, а што е повредно од било каков материјал имот и злато. Твојата музика секогаш и за секогаш ќе не потсетува на твојата величина и на вистинската борба за животот. Ти благодариме од срце!

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Мега брендот Каролина со спот за „Бели цветови“

Најпопуларната македонска дива на сите времиња, Каролина Гочева објави видео запис за највеселата тема од …