Почетна / Серии / Теленовели / Бали Бег се враќа во новата сезона на „Карасевда“ на Сител

Бали Бег се враќа во новата сезона на „Карасевда“ на Сител

Од вторник (23 октомври), веднаш по последната епизода од “Сезона на црешите” започнува новата сезона на вашата омилена љубовна драма “Карасевда”. “Карасевда” е една од најуспешните телевизиски драми од Турција последниве години, која со голем успех се емитуваше во сите балкански и арапски земји.

Има добиено многу признанија во матичната земја како ‘Најдобра драма на годината’ од страна на познати турски универзитети, а признание од жирито доби и на 11-те интернационални награди Seoul Drama Awards in 2016. За прв пат во историјата на престижните интернационални награди ЕМИ, турска серија е избрана за најдобра теленовела за оваа година. “Kara Sevda” е таа која триумфираше во категоријата за најдобра теленовела.

Од самиот старт, бесконечната љубов на Кемал и Нихан ги освои срцата на гледачите. Тој мораше да замине, а таа беше приморана и уценета во име на долгот на семејството да се омажи за злобниот Емир. Години подоцна, срцата на нежната Нихан и згодниот Кемал повторно се сретнаа. Жарот на страста се разгори како никогаш претходно, а опасноста им стоеше зад петици повеќе од било кога.

Игрите на посесивниот Емир земаа голем замав, подготвен на се за да не ја изгуби сопругата, а таа не можеше повеќе да издржи и мораше тајно да ги притајува своите чувства кон љубениот Кемал. Не пропуштајте ги новите заплети од новата сезона на “Карасевда” на Сител.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Како изгледа „Ла Усурпадора“ од денешен аспект

Вака изгледаше всушност “Злобница” – погледнете и насмејте се Сигурно многумина се сеќаваат на мексиканските …