Почетна / Серии / Американската хорор серија „Сибир“ од сабота на МТМ

Американската хорор серија „Сибир“ од сабота на МТМ

Секоја сабота во 22.40 часот на Прва скопска МТМ телевизија ќе се емитува американската серија “Сибир”, а во наредниот период и на останатите локални телевизии. Емитувана на NBC во 2013 година, серијата брои 11 продолженија и е направена во стил на реално шоу.

14 натпреварувачи заминуваат во Сибир да снимаат реално шоу. Но веднаш по доаѓањето и започнувањето со снимањето, продукцијата ги напушта и започнуваат да се случуваат чудни и необјаснливи ситуации. Еден од натпреварувачите умира, а другите го прифаќаат тоа како несреќа. Но, кога сфаќаат дека местото каде што се дојдени е место на хоророт и ужасот, решаваат со здружени сили да се изборат против опасноста.

Многумина ја споредија “Siberia” со филмот “The Blair witch project” и серијата “American horror story : Roanoke”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Keeping faith“, британска истрага на Телма во 20:30 часот

Aдвокатката Фејт Хауелс по своето породилно отсуство, очекува мирно враќање во адвокатската канцеларија која ја …

error: Содржината е заштитена!