Почетна / Сапуници / Алфа репризира турски серии од А1 – по Лисјата, сега на ред и Шехерезад

Алфа репризира турски серии од А1 – по Лисјата, сега на ред и Шехерезад

Телевизија Алфа е канал кој има национална концесија. Цела Македонија има можност да ја следи оваа програма, но дали цела Македонија заслужува да гледа репризи на турски серии наместо премиерни содржини какви што емитуваат сите останати приватни национални ТВ куќи?

Пред неколку месеци почнаа со реприза на “Кога лисјата паѓаат”, а сега ја најавуваат и “1001 ноќ”. Двете најгледани турски серии на сите времиња беа емитувани со неповторлив успех на А1 телевизија.

Дали гледачите заслужуваат да гледаат рециклажи на турски продукции? Зошто Алфа не емитува премиерна програма за своите гледачи како што тоа го прават сега најгледаните Сител, Канал 5 и Алсат?

Гледачите со задоволство ги паметат незаборавните Онур и Шехерезад, но ги паметат онака како што беа емитувани на А1 – како први, единствени, уникатни, со незаборавните гласови на најголемите доајени на македонскиот театар. Дали некој може да повтори еден ваков успех?

Малку ли се турски премиерни серии на другите телевизии, па сега гледачите да се “осудени” да следат и репризи на веќе емитувани турски серии?  Во тој случај, која следна турска серија да ја очекуваат гледачите во редицата репризи на Алфа? Величествениот, Ѓумуш, Притаени страсти или Фатмаѓул?

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Теленовелата „За љубовта нема рецепт“ во 13:45 часот на Телма

Во Мексико секој ден во просек исчезнуваат по 14 деца. Повеќето се жртви на трговија …

error: Содржината е заштитена!