Почетна / Сапуници / Откриваме – кои турски серии ќе ги гледате во 2019-та година ?

Откриваме – кои турски серии ќе ги гледате во 2019-та година ?

ТВ Пакет ексклузивно ви открива кои турски серии ќе може да ги очекувате на македонските телевизии следнава 2019-та година. За сите љубители на турските мелодрами, во првата половина на следната година стартува “Фазилет и нејзините ќерки”. Приказна за една мајка која нема да бира средства да ги внесе ќерките во богатиот и луксузен живот на Истанбул. Во 2019-та очекувајте ја популарната серија од регионот за госпоѓата Фазилет и нејзините две ќерки.

Веднаш по празниците, на Алфа телевизија продолжуваат новите и возбудливи акции на “Долина на волците”. Како ќе се снајде Полат, овојпат без Мемати? Што го очекува нашиот херој во новите продолженија на популарната крими серија која особено ги освои припадниците на посилниот пол.

Ѕвездите на “Љубов и казна” и “Мојот син” во заедничка серија за една топла и романтична љубов. Овие актери и бивши сопружници ќе ја доживеат својата “Бура” на емоции и големи животни одлуки.

“Зехра” ни носи кратка и интригантна приказна за една девојка која ќе биде приморана да избега од домот, од стегите и насилството на татка си и брата си за да може во Истанбул да најде среќа и вистинска љубов.

Еден погрешен чекор ќе го разоткрие неговиот двоен живот. Приказна за напорите и искушенијата на човекот кои поради одлуките од минатото ќе се најде меѓу два огна, две жени, две ќерки и два сина. Две фамилии, но само една вистина. Два живота, но само една судбина во “Семејни тајни”, серија во која учество зедоа познати актерски имиња.

Уште една кратка серија доаѓа на македонските телевизии. “Марал” e девојка со голема амбиција да стане сопственичка на позната модна куќа, но дали сонот ќе може да се оствари во свет полн со сплетки и замки?

“Ѕвезда водилка” е серија работена по теркот на “Сила”, “Зерда”, “Зехра” и “Љубов на сила”. Еден даден завет засекогаш ќе го промени животот на една млада девојка. Едно ветување ќе ги затегне оковите на ропството и ќе ја издигне суровата традиција над сопствените копнежи и сопствените надежи. Еден аманет во име на парите ќе ја разниша кревката душа, за која животот повеќе ќе нема смисол.

Веднаш по празниците стартува и “Ова не е крај”, серијал во кој ќе видиме двајца бивши сопружници како се “приморани” да соработуваат за да се справат со разводите и семејните несогласувања во модерна Турција. Покрај секојдневните активности, за нив ќе се отвори и втора шанса за надеж и повторна љубов.

Во меѓувреме, гледачите ќе ги следат новите продолженија на “Карасевда”, “Далеку од дома”, “Мерием”, “Предадено срце”, “Среќа”…

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Конечно се открива вистината во „Мојот вујко“ на Сител

По долгото топло лето, време е да се открие она што гледачите долго го чекаа. …