Почетна / Забава / Операторите војуваат, корисниците тријат раце!

Операторите војуваат, корисниците тријат раце!

 

АЕК ја постигна целта, после долго време, војна меѓу мобилните оператори. Насмевката на корисниците е голема, тие тријат раце затоа што во војната на операторите добиваат многу повеќе за многу помалку пари.

 

Традицијално, секоја година, Вип Оператор за својот роденден подарува посебна роденденска понуда која корисниците можат да ја искористат доколку потпишат договор со операторот во месец септември. Како добар домаќин Вип Оператор подготви понуда со неограничени разговори по цена од 499 денари со вклучен 100 мб интернет, но операторот Оне иако ист ден даде понуда во која можете да изберете што сакате да користите, а според тоа и да платите, веќе наредниот ден излезе со нова понуда како одговор на роденденската понуда на Вип.

 


Ги разгледавте понудите, сега останува на Вас да изберете која понуда ќе ја прифатите. Дополнително, АЕК извести дека наскоро ќе достави соопштение до операторите за намалување на цените со што се очекува ново намалување веќе наредниот месец.

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Gabby G ги отпеа „Македонско девојче“ и песна на Тоше

Една љубов преку границите на Македонија и Бугарија. Најдоброто од двете држави за сите генерации, …