Почетна / Серии / Омилениот ситком „Пријатели“ продолжува со следните сезони на МРТ 1

Омилениот ситком „Пријатели“ продолжува со следните сезони на МРТ 1

Хероите на многу генерации повторно ќе ве дружат секојдневно на малите екрани во урнебесните ситуации, хумористични авантури и незаборавни дијалози. Пријателите се враќаат со нови епизоди на МРТ 1, од петта сезона па натака.

Шест лика кои станаа феномен на популарната култура. Глумци кои се сметаат за едни од најплатените во телевизиски серии. “Френдс” е комедијата која со голем успех се емитуваше на А1 телевизија, за потоа репризно да ја прикажат и А2 и Телма.

Минатата сезона со емитување започна и на МРТ 1 кои емитуваа четири сезони од ситуационата комедија, а сега продолжува емитувањето со следните сезони, секој ден навечер на Прва.

Подгответе се за повторна дружба со вашите омилени Рејчел, Фиби, Моника, Чендлер, Џои и Рос. Еднаш пријатели, засекогаш пријатели.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Има ли стоп за репризите на МТМ – повторно „Свет без крај“

Од недела (25 мај 2021) во 20.30 часот, прва скопска МТМ телевизијаја репризира историската мини …

error: Содржината е заштитена!