Почетна / Вебновела / ВРЕЛА СТРАСТ, #057 | ARDIENTE PASIÓN

ВРЕЛА СТРАСТ, #057 | ARDIENTE PASIÓN

57-мо продолжение

 

 

 

Следното утро, Мистика и Хосефина го послужија појадокот во вилата. Ектор и Вадо беа рано излезени од куќата, па на стаклената трпезариска маса се најдоа само Ребека и Дамијана.

–          Не можам да поверувам како можеш да се гледаш со двајца истовремено, – Ребека и префрли на својата ќерка.

–          Мајко, те молам веќе престани со тоа.

–          Дамијана, само сум загрижена за твојата иднина. Се претвораш во фргидна жена. Не сакам да те гледам таква.

–          Јас не се гледам со двајца. Меѓу мене и рударот Тристан Фуего нема ништо. Зарем не гледаш дека само го користам за да обезбедам подобра иднина за нас две? Вујко ми даде ултиматум да останам во вилата и да се вратам во фирмата само ако останам бремена од Тристан.но, бидејки Тристан не сака ништо со мене, немам друга алтернатива освен да останам бремена од Ектор.

Ребека заврте со главата. Вооптшо не и се допаѓаше интригантниот план на нејзината ќерка.

 

 

Магдалена имаше чудно претчуство. Одлучи да замине во Веракруз и да ја посрти Јулиса. Ваквата вест и ја соопшти на Капричо во кујната на пансионот.

–          Имам чудно претчуство, Капричо. Вадо Фалкон е ѓавол и нема да биде мирен додека не дознае каде е Јулиса. Морам да одам во манастирот и да ја предупредам мајка Крисанта. Само таа може да ја заштити мојата ќерка.

–          Магдалена, каква е таа приказна за внукот на Мелчор? Ти знаеше за неговото постоење?

–          Никогаш не слушнав дека Мелчор има внук. А да имаше, јас сигурно ќе знаев.

 

 

Тоа утро Сораја ги отвори вратите од својот бутик и додека ги прегледуваше извештаите, насети као некој влегува во бутикот. Го подигна погледот и забележа висок, згоден маж пред себе. Љубезно му се намевна и му посака добро утро.

–          Добро утро. Работите?

–          Секако. Како можам да ви помогнам?

Роки Санторо со насмевка и возврати на љубезната и преубава девојка зад пултот. Откако го имаше загубено сеќавањето, знаеше само за бокс и за задоволување на потребите зададени од Касандра Алкосер. Ената која го чуваше како во стаклено ѕвоно му даде пари да ја обнови гардаробата, па Роки влезе во првиот бутик во улицата.

Од Сораја побара да му помогне во изборот на алишта. Од долна облека, до кошули, панталони и вратоврски. Помина час и половина уживајки во изборот на облека со љубезната и убава девојка.

Кога на крајот дојде на каса да плати, љубезно и се намсевна и рече;

–          Не можев да не забележам дека не носите бурма. Сама сте?

–          Ако сакате да ме прашате дали сум мажена, одговорот е не.

–          Тогаш, дали би ја прифатиле мојата покана за вечера? Вечерва, по ваш избор на ресторан.

–          Обично не излегуам на состанок со муштерии, но бидејки осавивте голема сума во мојот бутик, тогаш да..Се шегувам. Секако дека тоа не е причината. Би сакала да вечерам со вас.

–          Одлично. Во осум часот? Патем, јас сум Хуан Круз…

–          Сораја, – додаде таа со ширрока насмевка на лицето.

 

 

 

Магдалена беше крајно вознемирена по разговорот со Вадо. Вадо и зборуаше за внукот на Мелчор, а само таа знаеше дека тој не постои. Исплашена од сопствениот сомнеж, за да се смири Магдалена го заврте телефоснкиот број од манастирот. Откако го слушна гласот на мајка Крисанта, ја замоли да ја поврзе со Јулиса.

–          Мајко, не можам да не ја слушнам. Имам причина поради која сакам да разговарам со мојата ќерка, – инсистираше Магдалена, откако надзорничката ја излажа дека Јулиса заспала.

–          Но, зошто толкава грижа, ќерко. Јулиса е безбедна тука.

–          Мајко се случинешто што Јулиса мора да го знае. Мора да ја предупредам. Морам да зборувам со неа. Животот на мојата ќерка е во опасност. Те молам, извести ја Јулиса дека ќе дојдам во Веракруз со првиот автобус сабајле.

По гласот на Магдалена, мајката надзорничка сфати дека нешто не е во ред. Мораше веднаш да ја исконтактира Јулиса и да ја извести за долуката на Магдалена да дојде во манастирот.

 

 

 

Мистика ја отвори тешката дрвена врата од вилата кога непрестано некој ѕвонеше на ѕвоното.

–          Добра вечер,- самоуверено ја поздрави Касандра Алкосер. – Дојдов да зборвам со Вадо.

–          Дон Вадо моментално не е дома, госпоѓо.

–          Тогаш кажете му дека ќе го почекам. Кажете му дека го бара сопругата на генералот, добро ме пзонава. И пренесете му дека мојот миленик и идната голема супер боксерска ѕвезда исчезна, и дека сум сигурна оти тој има врска со неговото исчезнувањ.

 

 

 

Сораја одбра еден романтичен и интимен ресторан во Виљаермоса за средбата со Хуан Круз. За неа тоа беше само згоден и преубав муштерија кој ја покани на вечера. Вечераа во убава атмосфера со свеќи. Беа потполно опуштени, се смееа на своите шеги, јадеа со раце и наздравуваа со црвено вино.

–          Цела вечер зборуваме за мене, – се пожали Сораја. – Практично не знам ништо за тебе. Кој си ти, Хуан Круз?, – заводливо го праша Сораја со сјај во очите по третата чаша вино.

–          Ниту јас самиот не знам многу за себе, – одговори спонтано и искрено.

–          Како така?

–          Јас не знам кој сум, ниту од каде сум, ниту кое е моето вистинско име. Еден ден се најдов во вилата на една моќна жена која ме нарече Хуан Круз Перфекто. Таа има свој боречки клуб и во мене виде талент за боксер. Почнав да тренирам секојдневно и според неа имам талент. Од мене сака да направи голема интернационална ѕвезда. Тоа е се што знам за себе, – се намеевна скептично.

–          Знаеш, Хуан Круз Перфекто, иако не те познавам и не знам кој си, ми влеваш доверба како никој друг претходно. А тоа не се случува често.

Со еден бакнеж, ја крунисаа магичната вечера, кога во ресторанот влегоа неколку луѓе пратени од Касандра да го пронајдат Хуан Круз. Го одвлекоа насилно од локалот, оставајки ја Сораја збунета и сама.

 

            Мистика ја послужи гостинката со второ мартини. Касандра нервозно седеше на каучот и чекаше да дојде Вадо кога доби елефонски повик од своите луѓе.

–          Ало? Го најдовте? Каде? Во ред. Одведете го дома, доаѓам за кратко.

Касандра ја спушти чашата со мартини на масичката, погледна во Мистика и рече;

–          Морам да одам. Биди љубезна и пренеси му на Вадо дека ќе зажали што ме  остави вака да го чекам. Кажи му дека не смеел да си поигра со сопругата на генералот. Исто така, пренеси му дека не сум ги заборавила услугите кои му ги должи на мојот сопруг, и дека во секој момент можам да му ги наплатам. Добра вечер.

Достоинствено како што само таа умееше, Касандра ја напушти вилата на Вадо.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …