Почетна / Живот / Објавена збирката раскази „Чувар на штурци“ од Павлевски

Објавена збирката раскази „Чувар на штурци“ од Павлевски

Списанието за литература, култура и уметност „Современост“ од Скопје деновиве ја објави збирката раскази „Чувар на штурци“, 8-ма книга раскази од македонскиот писател Владимир Плавевски која содржи 20 раскази пишувани во 90-те години од минатиот век.

Писателот Стефан Марковски во својот осврт кон збирката, подвлекува дека се работи за кафкаескна или бруношулцовски ориентирана сатира која на мигови тера на згрозување од светот и негова критичка опсервација од нови агли, авторот на мигови знае да ги „покрене цревните движења“ и да го натера читателот кон Сизифов обид за исправање на неправдите.

Изградената личносна и судбински опфатувачката поетика на авторот разоткрива поетика на трансформации и премини, нагли и транзиентни Големи експлозии од кои настануваат нови светови во свеста на подеднакво нестабилните ликови.

Внимателната и постепена изградба на емоционално турбулентен набој е втемелена на постепени, убедливи доловувања на живописните атмосфери од кои како самите по себе да произлегуваат – резултат на вистинскиот редослед и функција на зборовите со кои авторот ниту се расфрла, ниту пак, ги сведува на минимум, како што е тоа случај со поезијата.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вест на денот : Полицијата ја притвори специјалната Катица Јанева

Уапсена е жената која претставуваше најголем симбол за правдата во Македонија. Специјалната јавна обвинителка, Катица …