Почетна / Телевизија / Се забавуваме и учиме да готвиме со Маја во 16:30 часот на 1 ТВ

Се забавуваме и учиме да готвиме со Маја во 16:30 часот на 1 ТВ

Нови интересни и невообичаени рецепти не очекуваат од понеделник до петок во 16.30 часот на 1 ТВ. “Маја готви” е кулинарско телевизиско шоу кое цела сезона се емитува на 1 ТВ и кое ги релаксира гледачите со начините на подготување на храната од стран ана гостиварската архитектка Маја Лазаревска.

  • Емисијата е проект кој тлееше како желба многу одамна, но веројатно сега се почувствував зрела за да излезе во етер. Мојата природа на карактерот е многу шаренолика, имам многу интереси и хобија, работам неколку професии, и баш тоа е нешто што телевизијата го лоцираше како мој печат кој може да ја одвои емисијата од шаблон емисиите за готвење. Нудиме програма со која може да се изрелаксираат и да научат секако нешто – објаснува Маја за нејзиното ТВ шоу.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Репризи на Алфа „од јутра до сутра“, ќе има ли на есен нешто ново?

Ако цела измината сезона 2018/2019, телевизија Алфа емитуваше премиерна програма, одеднаш ова лето буквално целата …