Стојан Трпчевски е новиот главен и одговорен уредник на главниот канал – МРТ 1. Тој долги години ја водеше информативната програма на првиот медиумски сервис на Македонската телевизија, а пред тоа беше дел од новинарските челни имиња на Канал 5 и Алсат.

Зоран Мирчевски од уредник на вториот канал на радиото доаѓа како уредник на МРТ 3, односно телевизискиот канал наменет за спорт, филм и забава.

Еран Хасипи останува одговорен уредник на МРТ 4 (телевизискиот канал на етничките заедници), а Дијана Гогогва останува на местото одговорен уредник на МРТ 5 (телевизискиот канал за детска програма).

Ели Јосифовска освен како раководител за промоција и маркетинг, од сега ќе го води Собранискиот канал на МРТ на местото на Анета Андонова, а Леунора Калиќи ќе биде одговорна за МРТ 2, односно каналот за албанската етничка заедница.
Дани | ТВ Пакет
ТВ Пакет Единствен телевизиски информативен портал во Македонија
