Почетна / Филм / МРТ 1 со италијанска комедија и во недела во полноќен термин

МРТ 1 со италијанска комедија и во недела во полноќен термин

Семејството Тучи се враќа во своето село на голема врата! Мислејќи дека го изгубиле богатството кое го освоиле на лотарија, тие дознавааат дека нивниот син ги сокрил парите и ги инвестирал. Сега, кога повторно се многу богати, почнуваат да ги практикуваат старите навики.

Но, лудилото нема крај. Тие сакаат на незаконски начин нивното село да се отцепи од Италија и бараат да се формира микро држава во која нема да има даноци. Набрзо, сите сакаат да бидат дел од овој даночен рај. Семејството Тучи многу добро знае дека со многу пари доаѓаат и многу повеќе проблеми во “Сиромашни, но богати” во недела, 15 ноември на МРТ 1 по полноќ.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Недела, 23 јуни на Телма, 22.15 часот | Воениот трилер „Ѕидот“

За време на војната во Ирак, наредникот на штабот на американската армија Шејн Метјус е …

error: Содржината е заштитена!