Почетна / Серии / Нови сезони за „Симпсонови“, најдолгиот ситком во светски рамки

Нови сезони за „Симпсонови“, најдолгиот ситком во светски рамки

Хумористичната анимирана серија „Симпсонови“ засега брои 30 сезони и 662 епизоди. FОХ одлучи да ги продолжи за 31 и 32 сезона со што се зацврстува титулата за серија со најдолго прикажување во ударен термин во историјата на теливизијата.

Титулата ја освоија во 2018 кога се прикажани по 636 пат и ја симнаа од тронот серијата „Gunsmoke“.

Сонцето изгрева и заоѓа, а „The Simpsons“ остануваат. Авантурите на Хомер, Мерџ, Барт, Лиса, Меги и на останатите жители на Спрингфилд продолжуваат и во наредните две сезони, објави телевизијата FOX на своите службени страници.

Кога ќе се прикажат новите епизоди, ќе бидат вкупно 713. „Симпсонови“ досега имаат освоени 33 Еми награди, а на големото платно се појавија во 2012 со филмот „Тhe Simpsons Movie“.

Создаден од Мет Гронинг за Fox Broadcasting Company, ситкомот претставува сатирична слика на животот на работничката класа и пародија на американската култура и општество, телевизија и човечката состојба.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза …