Почетна / Сапуници / Нова тинејџерска забава со нови бунтовници во „Виолета“

Нова тинејџерска забава со нови бунтовници во „Виолета“

По “Млади бунтовници”, “ФМ 04” и “Ангели”, нова тинејџерска теленовела во Македонија, од аргентинска продукција. “Виолета” е снимена во копродукција на Пол-ка и Дизни, а добитничка на многу награди како Kids’ choice awards Argentina, Kids’ choice awards Colombia, и престижната Мартин Фиеро за најдобра тин серија.

Поради големиот успех, серијата доби и филмско продолжение, а музичкиот бенд бележеше голема популарност во Латинска Америка со неколку музички албуми и концертни турнеи. Музичките албуми на групата биле Cantar es lo que soy, Hoy somos Mas, Gira Mi Cancion i Crecimos Juntos, а плус и едно божиќно издание – Especial Navidad.


По смртта на нејзината мајка – позната оперска пејачка, која загинала во сообраќајна несреќа, малата Виолета продолжила да живее во странство во еден интернат. Но, кога станува тинејџерка, таа се враќа во Буенос Аирес кај нејзиниот авториративен татко Херман. Покрај нејзиниот татко, во куќата живеат и забавните Олга и Рамаљо, а работите се менуваат кога се доселува и Енџи, нејзината тетка и сестра на починатата мајка на Виолета.

По низа расправии, Херман ѝ дозволува на Енџи да ја запише Виолета на часови по клавир во Студио 21, но во тоа студио, се буди страста на девојката кон музиката и светот на забавата. Многу музика, љубов и песни следуваат во животот на Виолета, но сето тоа ќе го прави скришум, без знаење на нејзиниот татко.

Од понеделник до петок следете ја новата тинејџерска забавна серија “Виолета” на Нова С. Доколку сте прва смена, епизодата ви е достапна на Нова С во 14.40 часот. А за оние кои започнуваат покасно на училиште, “Виолета” е со вас секое утро во 9 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Книгата за „Девојката од прозорецот” сега преведена и на македонски

Ги познаваме по очите луѓето што повторно ќе ни предизвикаат болка доживеана во детството, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!