Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Нова ТВ емисија на МРТ 1 за семејната кујна на Кетрин Фулвио

Нова ТВ емисија на МРТ 1 за семејната кујна на Кетрин Фулвио

По патувањата во Италија, Кетрин Фулвио се враќа во родната Ирска каде успева да ги искомбинира своите две омилени страсти – готвењето и предавањето.

Вљубена во италијанската традиција, Кетрин знае колку добрата храна ги зближува семејството и пријателите и таа ќе ги користи најдобрите ирски производи за да создаде одлични јадења за различни пригоди.

Од раскошен неделен ручек до вкусен оброк за неколку минути, семејната кујна на Кетрин ќе ни даде идеи и совети затоа како да создадеме лесни, вкусни рецепти.

Гледајте го новото кулинарско шоу „Семејните рецепти на Кетрин“ секој понеделник, среда и петок во 18:30 часот на МТВ 1.

https://www.facebook.com/mtv1.promo/videos/277256330372895/?t=16

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вера Мештеровиќ: Одредени дами ургираа да не ме земат за водителка

Во денешно време какви жени успеваат, тоа е за серизно истражување! Кои жени се кучки? …

error: Содржината е заштитена!