Почетна / Филм / Недела во 21 часот на МРТ 1 – премиера на спортската драма „Rush“

Недела во 21 часот на МРТ 1 – премиера на спортската драма „Rush“

Безмилосно ривалство од 1970-тите помеѓу соперниците во Формула 1, Џејмс Хант и Ники Лауда.

Сместено во гламурозното златно доба на Формула 1 трките во 1970-тите, филмот е заснован на вистинска приказна за големо спортско соперништво помеѓу згодниот англиски плејбој Џејмс Хант (Хемсворт) и неговиот методичен, брилијантен противник, австрискиот возач Ники Лауда (Брул).

Приказната ги следи изразито различните лични стилови, но и ставови надвор од патеката, нивните љубови и неверојатната сезона од 1976 година во која и двајцата возачи се подготвени да ризикуваат сè за да станат светски шампиони во спортот кој не дозволува грешка: ако ја направат, таа ќе биде фатална.

Крис Хемсворт, Даниел Брухл, Оливија Вајлд, Александра Марија Лара во биографската спортска драма “Трка на животот” во недела, 24 март 2024 година на МТВ 1 во 21 часот.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

4 септември, Телма | Документарец за најсуровиот затвор во Ел Салвадор

Продукцијата на филмот доби ексклузивен пристап до најголемиот и најтешкиот затвор во светот во Ел …

error: Содржината е заштитена!