Почетна / Филм / Недела, 22.15 часот на Телма – премиера на македонскиот филм „Хомо

Недела, 22.15 часот на Телма – премиера на македонскиот филм „Хомо

Што е тоа човек? „Хомо“ прикажува шест лица, шест состојби во луцидно поврзани епизоди проткаени со црн хумор.

Безнадежните ликови случајно се среќаваат во модерната метропола, при бескрајни обиди да опстанат и најдат малку среќа. Невработениот дипломец станува гробар, ужалената вдовица – монахиња, свештениците се коцкаат, а со судовите владеат гангстери. И кога изгледа дека надежта е мртва, едно осамено момче успева да пронајде љубов.

Наташа Петровиќ, Игор Ангелов, Оливер Митковски, Јелена Јованова, Сашко Коцев во филм во режија на Игор Иванов – Изи, избран за најдобар игран филм на меѓународниот фестивал „Crossing the Screen“ во Англија, како и наградата за Најдобар филм на Гбек Фестивал на Игран Филм во Канада, Награда за извонредно достигнување на ИндиФест Филмски награди во САД, Бронзена Реми награда на 54. World Fest Меѓународен Филмски Фестивал Хјустон во САД, Награда за најдобра режија на Waterfront Festival Лаваса во Индија и Награда од публиката и Награда од Cineuropa на 22-то издание на Фестивалот на Европски Филм во Лече, Италија.

Својата светска премиера ја имаше во 2021 година на 51-от ГОА Меѓународен Филмски Фестивал во Индија, а до сега е прикажан и на дваесет други филмски фестивали во Канада, САД, Велика Британија, Индија, Романија, Србија, Бугарија, Италија, Египет, Франција, Шпанија, Австралија.

Во ова филмско дело, режисерот го соочува обичниот човек со загрижувачките состојби на нехуманост, алчност и суровост – состојби кои тивко, но полека го уништуваат општеството.

Главен продуцент е Томи Салковски, а филмот е кородукција меѓу Мирослав Могоровиќ (Арт енд попкорн, Србија), Галина Тонева (Гала Филм, Бугарија), Лумбард Кукај (Триггер, Косово) и Бојан Мастиловиќ (Иридиум Филм, Словенија). „ХОМО“ е финансиски поддржан од Агенцијата за Филм на Република Македонија, Националниот филмски центар на Бугарија, Филмскиот центар на Србија, Косовскиот центар за кинематографија и од Словенечкиот филмски центар.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексклузивно на Телма – документарен филм за војната на Блискиот Исток

Целни атентати, бомбашки напади, неидентификувани воени напади се натрупуваат низ целиот Блиски Исток. Може ли …

error: Содржината е заштитена!