Почетна / Сапуници / „Не плачи, мамо“ – нова кратка и топла приказна на Канал 5

„Не плачи, мамо“ – нова кратка и топла приказна на Канал 5

На местото на психолошкиот трилер “Невиност”, Канал 5 ја носи кратката, но топла приказна која го наметнува вечното прашање – која е вистинска мајка? Таа што раѓа или таа што одгледува?

Одговорот го дознаваме од понеделник до петок на Канал 5 следејќи ја приказната за Алев.

Таа била амбициозна млада жена која направила грешка во факултетските денови. Имала романтична врска со Аднан во текот на младите години, забременила и родила девојче, и покрај противењето на нивните фамилии.

Богатото и моќно семејство на Аднан ѝ се заканувале, ја избркале и не сакале таа девојка да влезе во нивните животи. Исплашена и од својот татко кој не го сакал бебето, Алев се обидела да го убие своето родено бебе, но во тоа не успеала и затоа била испратена во затвор.

Така, годините ги минува во затвор, напуштена и заборавена од сите, осудена да ја одлежи својата казна и да се покае за она што го посакала. Сепак, сестрата на Алев, Дамла, се спротиставила на нивниот татко и решила сама да се грижи за девојчето на сестра ѝ.


Алев излегува од затвор кога нејзината ќерка Зејнеп ќе наполни 18 години. Зејнеп е убава девојка, која мисли дека нејзина вистинска мајка е Дамла, несвесна дека таа ѝ е всушност тетка.

Сега, доаѓа моментот за Алев да се соочи со грешките од минатото и да го поврати она од кое некогаш мораше да се откаже. Мајчинската љубов ќе ја води на патот до целта, но од другата страна е нејзината сестра Дамла, која веќе не може да прифати туку така да се откаже од Зејнеп.

Приказната за двете сестри дополнително ќе се комплицира кога Дамла ќе се заљуби во Аднан, кој е сега несреќно оженет и има дете.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе има ли свадба за Чагатај Улусој и Дујгу Саришин

Обожавателите на познатата актерска двојка Чагатај Улусој и Дујгу Саришин со нетрпение очекуваат вести за …

error: Содржината е заштитена!