Почетна / Сапуници / „Две кралства“ на Сител – серијата која ги помести стандардите

„Две кралства“ на Сител – серијата која ги помести стандардите

Авантура, фантазија, квалитет, љубов и спектакли. Ексклузивно на Сител следете ја најновата светска продукција која никого не остави рамнодушен. Сигурно се прашувате зошто?

Ова не е серија на изгубени деца, традиционални сфаќања и семејни вредности на кои веќе навикнавте.

Ова не е серија во која додека лисјата паѓаат, дамата со марама ќе го пронајде својот дом под сенката на врбите. Ова не е приказна за Сила и Зехра, ниту ќе дава простор да ја оплакувате судбината на една Зерда поради даденото ветување и прекршениот аманет.

Затоа што ова е серија која е снимена со далеку поголем буџет и продукција која деноноќно работеше на секој светлосен, звучен и целосно аудиовизуелен детал од реализацијата. Маестрална режија, неверојатно одбрани локации, првокласна глума и сценографија која остава без здив.

Во топлите летни ноќи, токму тогаш кога ќе се чувствувате исцрпени од жешкото сонце – бидете пред Сител и не заборавајте да ја погледнете оваа фантастична серија. Серија која ги помести границите и ги постави стандардите во бразилската и светска филмографија – “Две кралства”!

Борбата може да започне …

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дознајте во кој термин на Телма ќе се емитува новиот хит со Вилијам Леви

Телевизија Телма наскоро започнува со емитување на новата колумбиска теленовела со познатиот латиноамерикански актер во …

error: Содржината е заштитена!