Почетна / Забава / Македонија гласа – Каролина до победа на Music Awards Ceremony

Македонија гласа – Каролина до победа на Music Awards Ceremony

29 јануари во Белград ќе се одржи најголемиот музички спектакл некогаш виден на овие простори. По највисоки светски продукциски стандарди и со најголемите музички ѕвезди од регионот ќе се забавуваат гледачите од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска. Милионски аудиториум е сведок на престижните балкански музички награди.

“Music awards ceremony” во организација на Sky Music на едно место ќе ги собере најпопуларните изведувачи од овие земји, а пренос ќе вршат најголемите национални телевизии од секоја земја. 60 познати личности во 4 – часовен грандиозен мега настан. 15.000 посетители ќе го пратат настанот во живо, а милиони гледачи пред тв екраните. Над 200 ВИП личности ќе зачекорат на црвениот тепих, а во лајв спектаклот ќе бидат претставени најсовремените трендови на концертните технички продукции, сценографии, аудио и видео технологии, движечки екрани и иноватни концепти на осветлување.

Македонската дива Каролина Гочева во трка за најдобра етно музичка нумера за 2018-та година. На следниов линк може да се регистрирате и да гласате за антологиската етно балада “Ти не дојде” под реден број 45 :

https://musicawardsceremony.com/kategorijanominacija2–etno-world-music-numera?fbclid=IwAR2u6xlaqhLI0GzXaWiFeSAySQ0Z7lK39n7P0isaN93geTqVzQdCkUc35P4

Може да се гласа и до 20 пати од еден корисник, но она што треба да го направите е само да се регистрирате преку меил. Македонија гласа за Каролина да влезе во најтесниот круг од натпреварот! Време за сплотеност, време за вистински национален и борбен дух. Македонија ја носи мега ѕвездата Каролина Гочева до победата на деценијата!

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Луксузниот бренд ,,Елена Лука” го носи својот гламур во Њујорк!

Десетгодишниот јубилеј означува една нова ера за етаблираниот моден бренд Елена Лука и македонската мода …