Почетна / Спорт / „Одбројување до светското во Катар“, документарен серијал на Телма

„Одбројување до светското во Катар“, документарен серијал на Телма

Ексклузивно на Телма секој викенд „Одбројување до Катар“, серијал на документарци посветени на подготовките, репрезентациите, фудбалските звезди, главните фаворити за освојување на светското првенство кое почнува во ноември во Катар. Часовникот отчукува…

Дали моќната Франција ќе ја одбрани својата круна? По четири разочарувања, последна шанса за слава на еден од најголемите на сите времиња – аргентинскиот ас Лионел Меси.

Дали по освојувањето на Копа Америка минатата година, Меси може да се надева и на титулата која му недостасува – светски шампион во фудбал? Триколорите се актуелен светски првак на ФИФА од 2018-тата година. Дали Франција може да биде првата земја во последните 60 години која два пати по ред ќе стане светски шампион?

Селекторот Дешамп на располагање има тим без слаби алки, Лорис, Варан, Канте, Бензема, Погба, Мбапе, Гризман…и бројни други неверојатни играчи.

Безброј индивидуални ѕвезди, но и моќно заедништво, кое сепак ќе мора да се докаже на теренот.

Вo првата епизода од „Одбројување до Катар“ гледавме детали и за дизајнирањето на амблемот на Светкото првенство во оваа арапска држава како и сторија за еден од најдобрите фудбалери на домашната репрезентација, Алмоез Али. Продолжува серијалот секоја сабота и недела во 16.10 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фото | Познатите Македонци со поддршка за ракометарките

Оние кои гордо го виореле македонското знаме на големи настани, знаат колку тежи црвено-жолтата чест. …

error: Содржината е заштитена!