Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / „Најдобриот работник“ од Алфа на 24ка, „Живот со стил“ од 24 на Канал 5

„Најдобриот работник“ од Алфа на 24ка, „Живот со стил“ од 24 на Канал 5

Трансфер на две домашни емисии. “Најдобриот работник” со Катерина Тодевска Спасиќ од Алфа се сели на ТВ 24. Нови успешни приказни кои имаат за цел да ги мотивираат луѓето да бидат подобри, но и сите оние кои треба да ги вреднуваат следуваат секоја недела во 12.30 часот на ТВ 24.

Катерина ќе претстави обични луѓе со обични и необични професии. Кој како успеал, и дали патот до успехот значи задолжително завршување на факултет или следење на сопствените желби? Децата треба да ги следат своите афинитети, а родителите се тие кои треба да ги поддржат нивните таленти и барања.

Додека Спасиќ се сели на 24ка, Елена Стефановска и “Живот со стил” одат на Канал 5.

Секоја недела во 14.15 часот со реприза ноќта пред полноќ, гледаме нов концепт на емисијата, но целта останува иста – да се претстават различни профили на луѓе кои негуваат свој стил во кариерата и животот.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кумба: „Не можам да најдам алишта, не ме фрустрира тежината, туку понудата”

„Нешто конкретно” оваа недела со тема – комплекси. Како се излегува на крај со искомплексираните …

error: Содржината е заштитена!