Почетна / Серии / Пладневната серија „Библија“ започнува на Водици на Сител

Пладневната серија „Библија“ започнува на Водици на Сител

Минатиот викенд со емитување на Сител телевизија заврши германската серија за “Докторот од планината”, а од 19. јануари на нејзино место во пладневниот термин ќе се емитува американската серија „Библија“ (The Bible). Серијата започнува со емитување на големиот христијански празник Богојавление Водици, и има вкупно 10 епизоди.

Се работи за најнова адаптација на десетте најпознати библиски приказни од Стариот и Новиот завет, раѓањето, смртта и воскреснувањето на Исус, како и Арката на Ное придонеле серијата да има рекордна гледаност во САД. Веднаш по емитувањето на првата епизода, големата популарност на серијата и рекордните рејтинзи ја сместуваат „Библија“ на првото место на најпродавани мини серии на сите времиња. Се работи за епски спектакл кој чинел 22 милиони долари, а снимањето траело цела година.

Продуценти и автори на серијата се сопружниците Рома Дауни и Марк Бернет и двајцата добитници на престижните награди Еми и Златен глобус. Заедничката идеја за реализација на серијата е влијанието на „Библија“ на новите генерации гледачи. Режијата е на Тони Мичел, Криспин Рис, Кристофер Спенсер, а во главните улоги настапуваат Кит Дејвид, Дарвин Шо, Диого Моргадо, Рома Дауни.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Прајмтајм на Телма со „Фирмата“, правничка трилер драма

„Фирмата“ е американска серија заснована на најпродаваниот роман на Џон Гришам. Серијатa ја продолжува приказната …

error: Содржината е заштитена!