Почетна / Забава / MVRTK заедно со Khealo и Sergio Ochoa издадоа нова нумера

MVRTK заедно со Khealo и Sergio Ochoa издадоа нова нумера

Македонскиот продуцент MVRTK, заедно со aвстрискиот продуцент Khealo и aмериканскиот вокалист Sergio Ochoa издадоа нова нумера под наслов Temptation. Песната е издадена под бразилската музичка издавачка куќа Youth Energy.

За потсетување, минатата година MVRTK ја издаде песната Out of Sight во соработка со AndyBear и Luke Coulson, која беше поддржана од Греми номинираното германското продуцентско и диџејско дуо Cosmic Gate на нивната радио емисија Wake Your Mind. Ја издаде и Your Love во соработка со Zeead и Leon3s, трака која се најде на многу топ листи низ светот. Претходно, тој има добиено поддршка и од други светски познати диџеи и продуценти како Dimitri Vegas & Like Mike, Luis Torres, R3HAB и Ferry Corsten.

Слушнете го најновото издание на MVRTK подолу:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филхармонија во парк со „Одисеја 2024“ – музика од филмовите на Кјубрик

И оваа година, Македонската филхармонија ќе го реализира традиционалниот концерт „Филхармонија на отворено”, кој ќе …

error: Содржината е заштитена!