Почетна / Серии / МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

МТВ по четвртти пат со реприза на серијата „Џек Тејлор“

На местото на репризата на “Арн Дал”,  МТВ 1 в0 вечерните часови започнува со реприза и на уште еден психолошки трилер. Три години по ред на овој канал се вртат истите серии во круг.

Ирската серија “Џек Тејлор” ќе се репризира од понеделник до четврток по 21.30 часот, а во главните улоги ги гледаме Иан Глен, Френк О’ Саливен, Кен Филдс. Се работи за мини мистериозна драма, базирана на новелите на Кен Бруен, а снимана во Ирска и Германија.

Низ деветте продолженија од засега трите сезони, го следиме повторно непоправливиот Џек Тејлор, кој е отпуштен од Ирската државна полиција поради свирепост над државниот министер. Тој станува приватен детектив, а Ана Хенеси го најмува да ја открие вистината за наводното самоубиство на нејзината ќерка- тинејџер. Како што го истражува случајот, тој доаѓа до шокирачки сознанија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!