Почетна / Сапуници / Руската историска мелодрама „Адмирал“ на МТМ и локалните ТВ
Премиерата е секоја сабота во 21 часот на МТМ телевизија, а репризата во недела во 17 часот, понеделник во 23 часот, вторник во 17.40 часот и среда во 13.30 часот

Руската историска мелодрама „Адмирал“ на МТМ и локалните ТВ

Во новата сезона, наместо нови латиноамерикански теленовели како што беше пракса изминативе децении, на МТМ Скопска и локалните телевизии ќе гледаме руски мелодрами.

Прва во редот е историската “Адмирал”, вистинска приказна за кариерата и љубовта на најпознатиот руски офицер Александар Колчак кој се борел против Болшевиците по Октомвриската револуција.

Обично телевизиската верзија е нус-производ на филмот, a телевизискиот филм обично се прави од неискористен материјал. Напротив, овојпат најпрво сакавме да снимаме сериска историска епопеја, а потоа се појави идејата за создавање на целовечерен филм, па како резултат на тоа, земавме сосема друг сценарист, што е невообичаено за вакви проекти.

Така да биографијата е таа и во серијата и во филмот, но во оваа епска новела гледаме повеќе приказни, повеќе љубов, повеќе желба за одбрана на татковината и љубовта“, – вели Анатолиј Максимов, продуцент на оваа мини серија во 10 продолженија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Која е свекрвата од Сителовата драма за „Девојката од прозорецот” ?

Ова е Гулџихан, свекрвата на Девојката со која се дружиме од понеделник до петок навечер …

error: Содржината е заштитена!