Почетна / Филм / Марио Касас и за Велика сабота на ТВ 24 во продолжението на „3MSEC“

Марио Касас и за Велика сабота на ТВ 24 во продолжението на „3MSEC“

„Тengo ganas de ti“ (Луд по тебе) е продолжението на популарниот шпански филм “Три метри над небото”, кој гледачите во Македонија имаа можност да го проследат премиерно вчеравечер на Велики Петок на ТВ 24. Затоа, денеска, ден Велика сабота во темринот 20.45 часот, телевизија 24 ни го носи продолжението на познатата љубовна сага.

Обожавателките на Марио Касас ќе имаат повторно можност да го видат овој сексaпилен шпански глумец во улогата на „срце-кршачот“ Хаче, како и Баби, толкувана од страна на актерката Марија Валверде. Овој пат ликот на Хаче ќе биде малку поразличен од она што е претставен во првиот дел. Тој на крајот на првиот дел, ја загуби својата девојка и својот најдобар пријател и се сели во Лондон. Ја изгуби неа, но дали во изминатите две години успеа да ги излекува своите рани кои толку го болеа, дали успеа да научи да живее без болка и страдање. Тој во Лондон ќе направи сè за да ја заборави својата својата најсакана Баби. Две години подоцна се враќа во родното место… 

А, Баби? Каква е неговата Баби после две години, дали и таа е променета? Таа веќе има други планови, решена е да направи промена која би траела целиот нејзин живот. Во филмот се најавува уште една романса помеѓу Хаче и Џин. Режисерот на филмот, Фернандо Гонзалез Молина, вели дека кога ќе се видат двата филма, односно, кога ќе се „прочита“ целото сценарио, токму тогаш се добива целосната слика за карактерот на ликот Хаче кој го игра Марио Касас.

Снимањето на филмот започна на 28 октомври 2011, а својата премиера ја доживеа во Мадрид на 22 јуни 2012 година. Филмот е сниман на различни локации во Барселона и Герона, под режисерска палка на Фернандо Гонзалес Молина. Филмот е од продукцијата „Zeta Cinema“, „Antena 3 Films“, „Cangrejo Films y Globomedia Cine“ во соработка со „Antena 3“, „La Sexta y Canal Plus“.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Акционен трилер во петок и костимирана драма во недела на Прва

петок (15. ноември), МТВ 1, 22.55 часот – “Љубов и изнуда” Дјук е воен ветеран …

error: Содржината е заштитена!