Почетна / Филм / Македонски краткометражни филмови од осми јуни на МРТ 1

Македонски краткометражни филмови од осми јуни на МРТ 1

Краткометражни играни филмови на МРТ 1. Секој ден од понеделник до четврток во 22.15 часот ќе проследиме интересни продукции на краткометражни филмски наслови.

Во понеделник, 8 јуни ќе го гледаме “Пепи и Муто”, криминалистичка комедија од 2015 година, во режија на Георги Унковски кој исто така е и сценарист на филмот. Во улогата на Пепи го гледаме Петар Мирчевски, а Сашко Куцев ќе го толкува Муто. Откако е принуден на предвремено пензионирање, полицискиот инспектор Пепи е задолжен да го научи кадетот Муто, неговата замена, како да стане вистински инспектор.

Во вторник го гледаме “Награда”, а “Човекот со чудна навика да ме удира со чадор по глава” на режисерот Вардан Тозија e резервиран за среда. Сценариото за филмот е инспирирано од краткиот расказ на аргентинскиот писател Фернандо Сорентино.

Ја раскажува приказната за Петар, локален маргиналец и губитник, кој има се полошо секојдневие со кое не може да се справи поради својата инертност и повлеченост. Тоа трае до денот кога од никаде се појавува мистериозен, безимен и молчалив посетител, кој целосно го менува неговиот живот.
И четврток на 11 јуни по 22 часот ќе се прикаже “Брат за еден ден”, приказна од нашиот град, нашите улици, нашето маало.

Едно сосема модерно тричлено семејство, во трка со време и пари посветува малку време на својата 7 годишна ќерка, Ања. Немаат ни време а, ни нерви да се објаснуваат со неа па затоа добива се што сака, само за тие „да си купат мир“.

Главната улога ја толкуваат 7-годишните Леон Кемал и Моника Бошковиќ, заедно со актерите Тони Михајловски и Камка Тоциновски.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лето 2020-то на МРТ 1 со играни филмови, секој ден во прајмтајм

Наместо репризните емитувања на “Преспав” и “Френдс”, од сега на првиот канал на Македонската телевизија …

error: Содржината е заштитена!