Почетна / Забава / Евровизија / Македонија се повлекува од Евровизија 2023 во В. Британија?

Македонија се повлекува од Евровизија 2023 во В. Британија?

Според објавениот буџет на МРТ за 2023 година, Националниот сервис има издвоено буџет за јуниорската Евровизија за 2023 година на која едвај учествуваат 15 земји, но нема буџет за главната Евровизија 2023 која ќе се одржи во мај во Велика Британија на која учествуваат 40 земји.

Тоа го забележале и обожавателите на Евровизија и ја објавиле програмата и буџетот на МРТ од претходните години каде се споменува учество на Евровизија и за кој има буџет, а тоа го нема за наредната 2023 година.

МРТ инфо од веб страната на телевизијата

Останува нејасно зошто земја како Украина која е во воен конфликт со светска воена сила учествуваше годинава и ќе учествува и наредната година, а МРТ решиле да се откажат поради омразата која доаѓа од неколку профили на социјалните мрежи кои секогаш хејтаат сè.

Наспрема тоа нејасно е зошто државниот медиум не одлучиле да продолжат со учество и да ја претстават македонската музика и култура и надвор на еден престижен фестивал и авангардно ТВ шоу кое го гледаат милион гледачи во светот.

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хрватска – фаворит за победа, Холандија – исфрлена од финалето

Хрватска и Baby Lasagna се главни фаворити на денешното големо финале на Евровизија 2024 во …

error: Содржината е заштитена!