Почетна / МК Сцена / Нов сингл на MVRTK во соработка со продуцентите Zeead и Leon3s

Нов сингл на MVRTK во соработка со продуцентите Zeead и Leon3s

Продуцентот MVRTK издаде ново издание во соработка со продуцентите Zeead и Leon3s под насловот Your Love. Песната е издадена под германската музичка издавачка куќа SWUTCH Music.

Ова е најновото издание од македонскиот продуцент оваа година, кој на почетокот на 2022 ја издаде песната Out of Sight во соработка со продуцентот AndyBear и вокалистот Luke Coulson, која беше поддржана од Греми номинираното германското продуцентско и диџејско дуо Cosmic Gate на нивната радио емисија Wake Your Mind.

Минатата година MVRTK издаде повеќе песни кои беа дел од голем број на топ листи низ светот, беа поддржани од многу светски познати диџеи и продуценти како Dimitri Vegas & Like Mike, Luis Torres, R3HAB и Ferry Corsten.

Слушнете го најновото издание на MVRTK подолу:

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најтешките моменти од својот живот, Тамара ги преточи во песна

Тамара Волческа го промовираше своето ново музичко парче, односно сингл кој го носи насловот „Херој”, …

error: Содржината е заштитена!