Почетна / Филм / „Lonestar” (1996) со Крис Купер и Метју Мек Конахи во среда на МРТ 1
Вестерн мистерија од 1996 година во среда на првиот канал на МТВ

„Lonestar” (1996) со Крис Купер и Метју Мек Конахи во среда на МРТ 1

среда, 26 октомври 2022 година, МРТ 1, 00.30 часот – “Осамена ѕвезда”

Додека истражува злосторство, еден шериф од Тексас се соочува со мрачните тајни од минатото на својот татко. Сем Дедс е шериф и главен претставник на законот во едно мало гратче во Тексас. Мирниот живот во местото ќе го разбранува откритието на еден костур пред 40 години во пустината.

Истрагата открива дека пронајдените остатоци му припаѓаат на криминалецот Чарли Вејд, кој од гратчето го протерал покојниот татко на Сем и поранешниот шериф, Бади Дедс, кој токму поради тоа се смета за легенда на местото. Но неговиот статус на ѕвезда е доведен во прашање кога истрагата тргнува во неочекувана насока.

Во потрага по вистината Сем ќе мора да се соочи со потиснатите емоции кон покојниот татко, како и кон чувствата кон убавата Пилар, кој отсекогаш ја сакал, но не смеел да има контакт со неа заради нејзиното хиспанско потекло.

Номинацијата за Оскар и Златен Глобус во категоријата за најдобро оригинално сценарио е најголемо признание за оригиналното дејство и впечатливите ликови кои ги толкуваат Крис Купер и Метју Мек Конахи.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вестерн трилерот „Омразената осумка“ на Тарантино саботно на МРТ 1

„Омразената осумка“ е осмиот по ред филм на Тарантино, чие дејствие е сместено десет години …

error: Содржината е заштитена!