Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #041

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #041

#41во продолжение

 

 

            Црниот ролс-ројс застана пред влезот на куќата на фамилијата Ламас. Шоферот го сопре возилото и излезе да му помогне на својот господар да застане на нозе, со помош на своите штаки. Лусијано сеуште се движеше нестабилно.

Во холот го пречекаа Мануел, Емператриз и послугата за добредојде. Кога ја виде Пандора како ја држи коликата за инвалиди и нареди да му ја тргне од пред очи.

–       Но, Лусијано, – се замеша Емператриз.

–       Ни луд нема да седнам во таа количка.

–       Добре дојде дома, татко, – му посака помладиот син.

–       Каков е овој смешен одбор за пречек?, – гневно праша Лусијано гледајки во сите.

–       Ми се допаѓа што не си ја загубил смислата за хумор, татко.

–       Господине Лусијано, не знаете колку сме среќни што повторно ве гледаме дома, –  трогнато ликуваше старата домарка.

–       Без драми, Пандора. Можеби таквите упикувања успеваат кај Емператриз, но не и кај мене.

На ваквата негова забелешка, Емператриз само преврте со очите.

 

 

Tоа утро, Каталина го испи своето трето кафе зад бирото во својата канцеларија во Фалкон. Не можеше да престане да мисли на синоќешната средба со Себастијан во неговиот стан. И беше навлечен под кожа. Ја полудуваше сеќавањето на неговите бакнежи, мирисот на неговата кожа..

–       Каталина, доста! Престани да мислиш на него!, – се прекоруваше себеси на глас, удирајки се по челото. – Морам да заминам одовде, да не го гледам на неколку дена…Мануел не заслужува да му го правам ова, – додаде па по кратко размислување посегна по својот мобилен телефон и го заврте бројот на својот вереник.

–       Што правиш, љубов моја? Навистина? Поздрави го многу. Мануел, сакав да ти предложам нешто…Што велиш да одиме некаде на викенд?. Да. Долго време не сме биле некаде вон градот. Мало бегство од секојдневието само ти и јас…Одлично. Веднаш ќе резервирам.

 

 

Беше нешто по пладне, кога Рафаел излезе од својата канцеларија, го зеде својот автомобил и се упати кон вилата на фамилијата Ламас. Беше договрен со својата сестра да го види Лусијано откако беше пуштен од болница тоа утро. На излегување од гаражата на згрдата наиде на Алекс.

–       Како иде, Алекс?

–       Дон Рафаел, како сте? Ќе одам до паркот да направам некои фотографии за кампањата.

–       Јас одам во тој правец, можам да те префрлам, ако сакаш.

–       Одлично, -се намсевна Алекс и влезе во автомобилот. – Ви благодарам, дон Рафаел.

–       Се виде ли со Лусесита денес?, – низ насмевка праша Рафаел и одеднаш во својата половина почувтсвува пиштол.

–       Продолжи да возиш,- му нареди Алекс, држејки го пиштолот вперен во неговата половина.

–       Што значи ова?

–       Реков вози!, – низ заби процеди Алекс.

–       Можеш ли барем да ми кажеш каде ме водиш?

–       Овде заврти десно. Ќе возиш додека не ти речам да застанеш.

 

 

Агата само што се врати од посетата кај својот стар пријател Лусијано. И беше чудно што нејзиниот брат не дојде на договорената средба, а уште почудно и беше што не и одговараше на телефоснките повици. Се качи по скалите кон својата соба кога во ходникот наиде на Дијана која ја напушташе собата на Мерседес.

–       Доња Агата, мило ми е што ве гледам. Сакав да ве известам дека утре изутрина нема да бидам тука. Имам интервју за работа.

–       Но, зошто, Дијана? Мислев дека ти е убаво тука со нас, а и Мерседес те обожава.

–       Да, но господинот Рафаел не ме сака во куќава. Ми рече да си најдам нова работа и да си одам одовде.

–       Навистина жалам што е така. Јас не можам и не сакам да се мешам во одлуките на мојот брат. Ти посакувам се најубаво.

 

 

Приквечерина во градината на вилата на фамилијата Ламас. Емператриз уживаше во попладневното мартини, додека Пандора како верен пес и го прераскажуваше денот кој го имаше Лусијано.

–       Новата болничарка која ја прати доктор Сантибањез и помалку чудна. Повлечена, мистериозно, но мислам дека е голема професионалка.

–       Што друго правеше денес мојот драг сопруг, Пандора?

–       Имаше гости откако вие заминавте на работа. Госпоѓа Агата Уриостеги.

–       Таа стара жаба. Што бараше?

–       И кажав дека на господинот му треба одмор и закрепнување, но не ме сослуша.

–       Таа жена изгледа нема инспирација за нов роман, па упорно копа околу сите нас. Во ред, Пандора, ти благодарам. Остави ме малку сама.

–       Секако, госпоѓо, – покорно рече домарката и се упати кон задниот влез на куќта, кога Емператриз довикна по неа.

–       Пандора!

–       Да, госпоѓо.

–       Морам да ти признаам дека изгледаш ужасно.

–       Госпоѓо…

–       Постојано облечена во црно, со собрана коса…Изгледаш демоде. Не знам зошто те држам постојано крај себе а ништо немаш научено од дама како мене.

Видно погодена од ваквата забелешка, Пандора со насобран гнев и се заврте и смело и одговори;

–       Можеби ме држите крај себе бидејки јас сум единствената во оваа куќа која го трпи вашиот непријатен карактер и единствената која ви е безрезервно посветена.

По ваквото дофрлање, Емператриз остана запрепастена а Пандора без збор се упати кон кујната од каде што доаѓаа силни и високи тонови на расправа. Инес, готвачата, го бранеше своето мени од новата медицинска сестра на дон Лусијано која и префрли дека готви солена и нездрава храна.

–       Целиот мој живот готвам за дон Лусијано и неговата фамилија! Моите најдобри години ги оставив во оваа кујна и никој никогаш не нашол замерка за мојата храна, госпоѓице!

–       Смири се, Инес, – се замеша Роси која е најде помеѓу двете огништа во кујната.

–       Нема да дозволам една ново дојдена да се меша во мојата територија, Роси!

–       Може ли да знам што се случува овде?, – праша Пандора, влегувајки во кујната.

–       Јас само си ги извршувам моите задачи, госпоѓо Пандора, – објасни Антонија, новата медицинска сестра на дон Лусијано.

–       Оваа госпоѓица се најде кадарна да ја коментира мојата храна и да наоѓа маани дека не готвам здраво за господинот, – дообјасни Инес, видно вознемирена.

–       Дали е вистина?, – праша Пандора.

–       Тоа е моја должност, – одговори сестрата Антонија. – На Дон Лусијано му е потрена строга диета која ја препиша доктор Сантибањез. Храна со влакна за холестеролот. Магнезиум за мускулите и многу цвекло за крвта.

–       Во ред. Тогаш, ќе и подготвиш листа на прехрана на Инес за секој ден. Роси ќе купи намирници од маркетот а Инес ќе подготвува две мениа од денес. Една за дон Лусијано и една за останатите. Дали сум јасна?

 

 

Падна приквечерина, а Рафаел се најде затворен во една мрачна соба, со заврзани раце. Се обидуваше да си даде одговор на многу прашања, но беше залудно. Одеднаш слушна мала врева и светлина ја осветли собата во која влезе Алекс.

–       И? Се увери дека сме сами и дека никој не може да те чуе или се измори од викање?

–       Што сакаш од мене? Кого чекаме?

–       Смири се, Рафаел. Се во свое време. Утре ќе добиеш одговор на сите твои прашања.

–       Те молам немој да ја мешаш Луз во ова. Мојата ќерка те сака…Прави што сакаш со мене, само немој да ја повредиш неа, – очајно молеше Рафаел.

 

 

Следното утро, Мануел веќе некое време нетрпеливо ја чекаше Каталина пред зградата. Упорно ѕвонеше на домафонот додека не доби одговор од Луз.

–       Речи и на Каталина да побрза, те молам.

–       Веќе излезе. Убав помин.

–       Благодарам.

Само што го заврши разговорот со Луз, од зградата излезе Каталина. Ја забележа чудна и ненаспана, па ја бакна за поздрав и ја праша што и е.

–       Не знам. Ме боли нешто главата од рано.

–       Проблемот е во тоа што си исцрпена од многу работа. Убаво што ти текна да одиме некаде. Ќе видиш колку убаво ќе си поминеме. Стави го телефонот да слушаме музика, – и рече откако влегоа во автомобилот.

–       Стави го твојот…

–       Не, сакам да ја слушаме твојата музика, – додаде Мануел пред да го запали автомобилот.

 

 

Во меѓувреме Луз го отвори фрижидерот да подготви за јадење кога заѕвоне фиксниот телефон во дневната соба.

–       Ало? Здраво, тетка Агата. Не, Каталина не е дома. Замина на викенд во Куернавака со Мануел. Тато…не не сум го чула. Како не се вратил дома да спие?

 

Додека Себастијан појадуваше тоа утро и ги прелистуваше интернет порталите, Хисела си играше со Бак низ станот. За момент го подигна погледот од лаптопот и погледна во својата ќерка која играше со песот и срцето му се омекна. Беше среќен што ја најде и што ја има крај себе и покрај тоа што не знаеше за нејзиното постоење.

Во мислите го прекина ѕвончето кое одекна од влезната врата. Пред него стоеше една девојка во своите дваесети години, која претходно ја немаше видено.

–       Себастијан Ламас?

–       Да…

–       Јас сум Луз Уриостеги, сестрата на Каталина.

–       Што можам да сторам за тебе, Луз?

–       Татко ми…Татко ми исчезна, – со созли во очите изговори девојката.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!