Почетна / Телевизија / ТВ Емисии / Лето на ТВ 24 со репортажи за далечната и мистична Јапонија

Лето на ТВ 24 со репортажи за далечната и мистична Јапонија

Кога ја споменуваме Јапонија, нашите сетила ни претставуваат затворена, романтична, сентиментална самурајска земја од ерата на Мејџи, но колку и љубоморно да ја чува својата традиција, таа оддамна не е само тоа.

Силниот традиционализам на Jапонците во контраст со брзата адаптација кон новото остава несекојдневни импресии. Јапонската инвентивност изградила нов свет – динамичен, футуристичен, понекогаш надреално чуден што предизвикува возбудувачки напад врз човечките сетила.

И да, Јапонија е неспоредлива бидејќи наликува единствено на себеси! Нема друг народ како Jапонците, кој што доживува толку чиста радост кога е во единство со природата.

Силната рецептивност кон убавината ги направила емоционални – од тука доаѓа и обичајот на нацијата – ханами (уживање во убавината на цвеќињата), чија што цел е јасна – да се допреш до прекрасното и да го примиш во душата… А покрај тоа, вреди да се спомене и храната, музиката, навиките на живот во оваа земја.

Доживејте ги убавините на Јапонија секоја вечер на ТВ 24 во 21 часот. Лето со документарни репортажи за далечната Јапонија.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Motocast” на Канал 5 ги оживува приказните за моторџиите

Секоја среда по 23 часот, нов подкаст на Канал 5. MOTOCAST е подкаст посветен на …

error: Содржината е заштитена!