Почетна / Серии / Вторник и среда насмејте се со српските „Мамини синови“ на ТВ 24

Вторник и среда насмејте се со српските „Мамини синови“ на ТВ 24

 

Андрија во нов српски ситком „Мамини синови“ вторник и среда на ТВ 24

 

Започнувајќи од денеска, ТВ 24 ќе ја емитува новата српска серија “Мамини синови”, базирана на австралискиот популарен ситком од 80тите и 90тите.

 

Српската верзија на “Mother and son” ќе се емитува во вторник и среда во 17.45 часот на телевизија 24, со репризи подоцна во ноќта. Досега од оваа нова серија во Србија се емитувани околу дваесетина епизоди, а се снимени вкупно 42 продолженија.

 

 

Познатиот Андрија Милошевиќ е повторно главна улога и во овој српски ситком, но овде ја нема Анѓелка, па затоа друштво ќе му прават Светлана Бојковиќ и Ненад Јездиќ.

 

 

Приказната ги прати згодите и незгодите на мајката Роса и двајцата синови Беба и Миша. Мајката целосно подетинила во староста, а за Беба ќе биде тешко да најде сопруга во еден таков амбиент во кој што живее со мајката. Урнебесни ситуации во играта на мајката и двајцата мамини синови ќе следите на ТВ 24, а особено интересно ќе стане кога Беба ќе одлучи да ја прати мама во старечки дом. Ќе може ли мама да опстои таму без своите синови и ќе успее ли Беба во намерата конечно да живее без својата мајка?

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судот во Јапонија пресуди дека АИ не смее да го клонира гласот

Живееме во време кога вештачката интелигенција (ВИ) може да го копира секој наш детаљ, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!