Почетна / Забава / Ламбе е победник на Скопскиот фестивал 2013

Ламбе е победник на Скопскиот фестивал 2013

 

Вчеравечер во Македонската опера и балет се одржа Скопскиот фестивал 2013, а победник на овогодинешното издание е Ламбе Алабаковски со песната „Ќе те чекам јас“. За оваа победа пресудија 124 гласа добиени преку гласањето со СМС пораки од публиката и гледачите зад малите екрани.

 

 

Покрај наградата за најдобра песна, Ламбе доби и парична награда од 1.200.000 денари. Второто место го освои Тамара Тодевска со песната „Тешко без тебе“ за која доби 89 гласа. Овој пласман на Тамара е награден со парична награда од 10.000 евра. Третото место му припадна на Димитар Андоновски со песната „Ако ме боли“. Во прилог е настапот на победничката песна.

 

 

 

 

| ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Модниот бренд „Елена Лука” на страниците на британскиот Vogue

Етаблираниот македонски бренд Елена Лука се најде на страниците на ноемвриското издание на престижниот магазин, …