Почетна / Забава / Скопје ќе гори со Били Ајдол на 27 јуни

Скопје ќе гори со Били Ајдол на 27 јуни

Скопје ќе гори со Били Ајдол на 27 јуни
Најголемата македонска продуцентска куќа “Авалон продукција” одамна најави, ние веќе напишавме, вие веќе добро знаете, но за ваков настан никогаш не е на одмет повторно да се информира и да се отстапи простор.
На 27-ми јуни (петок) на Скопско Кале под отворено со целовечерен концерт во Скопје доаѓа човекот кој пред 4 години го одржа најдобриот rock& roll концерт во Скопје на сите времиња. За помалку од две недели, Скопје навистина ќе гори со британската рок легенда Billy Idol. 
Човекот кој во живо секогаш се дава 200 % од себе, доаѓа во Скопје во склоп на својата европска Greatest Hits турнеја, а се разбира дека во бендот ќе биде придружуван од навистина генијалниот гитарист Steve Stevens. Влезниците за овој голем спектакл веќе се во продажба преку билет сервисот Купи Карти За Се. 

Слика

Фестивалот ќе го отвори моментално најпрогресивната македонска група The Protagonist, а после нив следува македонската нова група “Темпера” кои станаа ексклузивци на Авалон продукција и кои пред неколку дена издадоа албум “Играј” кој во продажба се наоѓа во сите музички продавници низ Македонија. Групата „Темпера“ ја сочинуваат неколку искусни музичари, гитаристот Драган Гиновски-Гино, тапанарот Мите Димовски, басистот Џоле Максимовски и пејачката Тања Тас. Во моментов бендот е актуелен со синглот „Пластични кули“. Два дена пред концертот на Били во Скопје, тој има настап на фестивалот „Белград колинг“ на 25 јуни, каде што како предгрупа се јавува повторно Темпера. 

Слика

Били Ајдол кариерата ја почна во 1976 година во панк бендот „Џенерејшн икс“. По три албуми кои минаа неочекувано добро кај публиката, групата се распадна и тој почна соло-кариера. На врвот на популарноста беше во текот на 80-тите години на минатиот век кога со песните White Wedding, Rebel Yell, Eyes Without A Face, Sweet Sixteen и LA Woman жареше и палеше во целиот свет. По изданието Cyberpunk, кој излезе во 1993 година и мина лошо во Америка, Били речиси целосно исчезна од музичката сцена. Во 1994. за малку ќе умреше од преголема доза наркотици. Но по подолга пауза, рокерот во 2005 година се врати со изданието Devil’s Playground. Една година подоцна, на изненадување на многумина, издаде албум со обработки на божикни песни.

 

Даниела П.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Авалон го враќа Ohrid Calling 2021 – најголемиот електронски фестивал

Авалон продукција со големо задоволство објавува дека после едногодишна пауза, најголемиот електронски фестивалски бренд на …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!