Почетна / Сапуници / Крај на сезоната на Сител за трилер драмата „Сведок на судбината“
Останете со ТВ Пакет и во иднина и дознајте дали и кога ќе продолжи серијата

Крај на сезоната на Сител за трилер драмата „Сведок на судбината“

Вечерва на Сител беше емитувана последната епизода за сезоната од турската трилер драма “Сведок на судбината”.

Два сосема различни света се споија кога најмалку очекуваа. И двајцата ги зближија големите тајни од минатото, заплеткани во црнилата на нивните семејства.

Тајни кои донесоа лавина на акции и пресметки со подземјето и тајни кои ја ставија љубовта на тест кога вистината почна да испливува на површина.

Изминативе месеци следевме време за наплата на сметките, војна меѓу чесните и неправедните, меѓу добрите и лошите, меѓу предаторот и пленот.

Време во кое една игра стана пресудна за спас на вљубените и разоткривање на тајните од минатото.

Од понеделник, уживајте во последната сезона од “Бегалка” и многу наскоро очекувајте го стартот на новата сезона од “Неверство”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Освен „Грешници“, и „Крваво цвеќе“ обновена за уште една сезона

Маратонската турска сапуница “Крваво цвеќе” доби зелено светло за нова трета сезона. Откако веќе беше …

error: Содржината е заштитена!