Почетна / Забава / Евровизија / Копров: Апел до Министерство за култура да одвои пари за Евровизија

Копров: Апел до Министерство за култура да одвои пари за Евровизија

Григор Копров, еден од најпознатите македонски поп композитори и хитмејкер, кој работел со многу ѕвезди како Маја Оџаклиевска, Тоше Проески, Перо Христов, Владо Јаневски, Марјан Стојановски, Мартин Вучиќ, Каролина Гочева и Андријана Јаневска, беше меѓу првите јавни личности што реагираше на веста дека и оваа година МРТ нема да испрати македонски претставник на Евровизија.

Впрочем, во 1997 тој ја компонирал песната Не зори зоро со која Владо Јаневски ја претставуваше Македонија на Евровизија 1998, првиот настап на земјата на овој настан.

„Дали Македонија да учествува на Евровизија. Апсолутно ДА. Зошто? Затоа што е најголема музичка манифестација со гледаност од преку 1.5 милијарди гледачи и за мене е многу значајно и доволно само името Македонија повеќе пати да се изговори рамо до рамо со сите европски држави. Прашувам дали македонските репрезентации во фудбал, ракомет и одбојка се пласираат на Европското првенство, и ние речеме немаме средства, итн.

Друго околу пласманот. По претпоставка да сите композиции се со исти квалитет – некој ќе биде прв , некој последен. На пример, една година светското име Енгелберт Хампердинг беше претпоследен па Англија не се откажа. Исто и светски познатата Бони Тајлер. Впрочем и колевката на музиката, Италија се врати на Евровизија. Апел до министерството за култура да одвои средства за оваа манифестација , толку важна за афирмација на нашата Македонија, изјави Копров ексклузивно за Независен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

error: Содржината е заштитена!