Почетна / Телевизија / „Код“ истражува дали е наместен началникот што го уапси Танески?

„Код“ истражува дали е наместен началникот што го уапси Танески?

Една жена, а двајца различни убијци во две различни истраги. Анте Ристовски веќе е на доживотна робија за убиството на кичевчанката Митра Силјановска. Три години по неговата пресуда откриен е и новинарот Владо Таневски, и тоа од началникот Дејан Стојкоски. Истрагата заврши в гроб заедно со Таневски, никој до сега не откри дали навистина тој а не Анте е убиецот на Митра. КОД откри две различни ДНК анализи кои покажуваат дека Анте не ја убил Митра, но никогаш не се споредени со ДНК та од Танески. Во огромниот предмет на началникот стојат многу докази во корист на Анте, ама никој не се ни обидел да ги истражи. Ова е темата на истражувачката емисија “Код”, оваа недела на 24 февруари во 19.15 часот на Телма.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

80 години Македонска Радио Телевизија

80 години радио и 60 години телевизија, МРТ слави јубилеј, а гледачите преку програмата „Ризница“ …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!