Почетна / Филм / Кинеска акција и провокативна приказна викендов на Телма

Кинеска акција и провокативна приказна викендов на Телма

сабота (13.02.2021), 19.15 часот – “Кунг фу јога”


Легендата вели оној кој го поседува „Окото на Шива“ го поседува светот. Двајца професори тргнуваат во авантура испреплетена со измами, шокантни откритија и жестока борба за древното богатство во кинеската авантура со Џеки Чен во главната улога.

сабота (13.02.2021), 22.15 часот – “Воспитувачката”


Кога воспитувачката Меги ќе открие талентирано дете во својата група, на очајнички и опасен начин прави се за да го развие неговиот талент. Но нештата излегуваат од контрола кога оди од фасцинација до опсесија. Американска драма, базирана на израелски филм со истоимен наслов.

недела (14.02.2021), 19.45 часот – “Љубовна игра”


Џејк и Франсис имаат различни желби за кошаркарскиот клуб но зависат еден од друг. Војната започнува а во љубовта и кошарката сè е дозволено!

недела (14.02.2021). 22.15 часот – “Вита и Вирџинија”


Во англиското боемско друштво ќе се сретнат две интригантни жени, Вирџинија Вулф и Вита Саквил-Вест. Провокативна и вистинита приказна за една од најголемите љубовни афери во 1920-тите години. Џема Артертон, Елизабет Дебицки, Изабела Роселини во филм на Чанја Батон.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

96-тото издание на филмските Оскари во недела на МРТ 1

В недела, 10 март од 23.30 ексклузивно на Македонската Телевизија ќе се емитува преносот од …

error: Содржината е заштитена!