Почетна / Филм / Кери Грант и Одри Хепберн во комичната класика на Сител

Кери Грант и Одри Хепберн во комичната класика на Сител

Оваа сабота во 12.15 часот на Сител телевизија ќе се емитува уште еден од низата познати светски класици. “Шарада” е филм од 1963 година, режиран од Стенли Донен, а во кој се појавуваат Кери Грант и Одри Хепберн. Филмот е значаен по своето сценарио, особено по умните дијалози меѓу Грант и Хепберн, по локацијата (Париз), по музиката на Хенри Манчини, како и по анимираниот наслов на Морис Бајндер.

Во оваа софистицирана комедија, ја следиме приказната за Реџина, која во Париз ја дочекува вест за смртта на сопругот, но и вест дека нејзиниот сопруг ги имал парите наменети за француското Движење на отпорот.

Вечерта на 25.ти јануари во 23.30 часот следува исто комедија, но овојпат модерна.

“Secret millionaire” е филм за еден татко, кој решава да гради парк и неговиот син, кој ќе се заљуби во една од девојките кои протестираат против изградбата на паркот. Но, дали таа девојка знае дека дечкото е всушност таен милионер?

И во недела, по вечерните вести, романтична драма од 2018-та година. Ќе се обноват ли средношколските пријателства и ќе се разгорат ли тинејџерските страсти, гледаме во недела во “Тhe time capsule” на Сител.

Дани | ТВ Пакет

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инфо | Месец на „Киненова“ на ТВ 24 – цел месец филмови без реклами

„Прво филм“ е мотото на меѓународниот филмски фестивал Киненова кој годинава официјално ќе се одржува …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!