Почетна / Серии / Италијанската крими серија„Катуранди“ репризно на МТВ 1

Италијанската крими серија„Катуранди“ репризно на МТВ 1

Италијанската крими серија “Катуранди” репризно на МТВ 1, од вторник 19 мај, по 22 часот. Ова е седмо емитување на истата серија на државниот канал.

Катуранди е елитна полициска единица од Палермо која е посветена токму на прогонување и апсење на најбараните бегалци на правдата. Членовите на Катуранди се експерти за електронски надзор, способни да постанат невидливи, а еден од нивните најсилни адути е Палма Тоскано, импулсивна, страсна и посветена млада жена, решена да ги улови сите, се до последниот водич на најмоќната криминалистичка организација на светот, Натали Скијаку.

Во Палермо, каде се одвива оваа акциона драма, Палма ќе сфати дека ништо во животот не е онакво какво што се чини. Ќе сфати дека најопасните измамници и криминалци може да се многу блиску до неа, а таа да не е ни самата свесна за тоа. Пријателите може да те предадат, некогаш дури и љубовниците… затоа што тоа се луѓе во кои никогаш не можеш да се посомневаш.

Главните улоги во оваа мини серија ги толкуваат Анита Каприоли, Алесио Бони, Масимо Гини, Винченцо Амато, Лео Гулота и Марта Гастини, а режијата е на Фабрицио Коста.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Иновациите на Наса“, документарец на Телма секој понеделник

Еволуцијата на нашиот свет во голема мера зависи од технолошките ресурси, знаењето и ограничувањата, но …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!