Почетна / МК Сцена / Каролина со потресна порака : Засекогаш во нас, 13 години без наш Тоше

Каролина со потресна порака : Засекогаш во нас, 13 години без наш Тоше

13 тешки години за Македонија. 13 болни години без најголемата македонска ѕвезда на сите времиња. 16 октомври 2007 година – датум кој ја зави Македонија и целиот Балкан во црно. 13 долги години без единствениот Тоше Проески.

Една од неговите најблиски соработнички и пријателки, Каролина Гочева се огласи на социјалните мрежи со сеќавање и фотографии од Тоше. Заедно почнаа во Авалон продукција, и од тогаш станаа омилени естрадни ѕвезди за многумина.

Не може да се заборави некој кој направил толку многу за паметење. 13 години без наш Тоше. Засекогаш во нас  – напиша Каролина на Инстаграм, споделувајќи слики од заедничкиот настап и доделување награди на фестивалот “Сунчане скале”.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јане Славов со преработка на најголемите румба хитови на Џипси Кингс

Еден од најхаризматичните млади вокали на нашата сцена, Јане Славов, заедно со енергичните музичари од …

error: Содржината е заштитена!