Почетна / МК Сцена / Јубилеј со најдоброто од Наум Петрески во Охрид, Битола и Скопје

Јубилеј со најдоброто од Наум Петрески во Охрид, Битола и Скопје

По повод 35 годишната кариера на македонската и балканска естрада, Наум Петрески и продуцентската куќа АВАРД Промотион, во месец август 2022 ќе го промовираат новото издание ”Најдоброто од Наум“ кое ќе содржи дел од неговите најпознати хитови, со концертна промоција во Битола, Охрид и Скопје..
Ова е фантастична можност илјадниците фанови на Наум заедно со него на сцена, во живо да ги запеат сега веќе легендарните хитови: ”Има ли песна”, “Жал за Деспина”, “Оди Ѕвездо”…, а на славеникот како гости ќе му оддадат признание за неговиот јубилеј многу пријатели од естрадата, пејачи, актери.


Квалитетот на внимателно одбрани песни во изведба на еден од најдобрите Македонски пејачи Наум Петрески со долгогодишно музичко искуство е одличен пат кон успешноста на новиот редок, но многу значаен музички проект.
Овој проект има вистинска вредност и уметничка тежина кои се од големо значење за одржување на македонската народна музика,
За Наум многу не треба да се зборува, познат и признат на балканските простори, обожаван од сите љубители на добрата народна песна. Како круна на неговата успешна 35 – годишна кариера на македонската и балканска естрада се случува и оваа јубилејна турнеја, кој може слободно да го наречеме сребрен јубилеј со златни песни.

Музичкото културното наследство кое ни го оставија доајените на македонската народна песна, Никола Бадев и Александар Сариевски е бесценето, а нивната антологиска трага гордо и достоинствено продолжува со живата легенда и еден од најквалитетните пејачи на Балканот, Наум Петрески, човекот со глас кој никого не оставил рамнодушен.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Бојана Скендеровски со преработка на „Море сокол пие“

Пејачката Бојана Скендеровски на овој голем ден Илинден ги почасти Македонците со нејзиниот најнов проект, …

error: Содржината е заштитена!