Почетна / Сапуници / Фото | Љубовта на Дујгу Саришин и Чагатај Улусој никогаш посилна

Фото | Љубовта на Дујгу Саришин и Чагатај Улусој никогаш посилна

Познатиот актерски пар, Чагатај Улусој и Дујгу Саришин, кои уживаат во својата љубов далеку од камерите, позираа заедно на една роденденска забава на која присуствуваа.


Згодниот актер кој на нашата публика и е најпознат по неговата улога во трилерот „Инсајдер“ на каналот Dizi, а претходно во “Девојката со име Фериха”, веќе долго време е во љубов со неговата колешка Дујгу Саришин. Откако заврши неговата турбулентна љубовна врска со Серенај Сарикаја, која ја запозна на еден заеднички проект, како гром од ведро небо падна неговата нова љубов со Саришин, чие име беше помалку познато на турската актерска сцена.


И по скоро 6 години, јавноста сеу ште е љубопитна за деталите од заедничкиот живот на Улусој и Саришин, која ја знаеме од серијата „Мали убиства“ која исто така се емитува на каналот Dizi. Иако врската на парот трае долго време, фактот дека тие не се следат на социјалните мрежи отсекогаш бил збунувачки.


Во јавноста долго време се шпекулираше дека желбата на Дујгу што поскоро да стане невеста и мајка, и ладниот и отфрлувачки однос на Улусој кон таа тема, биле најголемите причини за нивните кавги и потенцијални раскинувања на врската. Зборувајќи за шпекулациите, Саришин рече: „Нашиот однос е прекрасен. Не постои нешто такво. Да не навлегуваме во овие прашања, ве молам“.


Се тврдеше дека парот често раскинувал. Улусој рече: „Како што можете да видите, нема разделба. Овие вести почнаа да се појавуваат често. Постојано се смееме и ги игнорираме темиве, но нашите семејства се тажни. Има луѓе околу нас кои се чувствителни на овие прашања“.
Чагатај Улусој и неговата девојка Дујгу Саришин присуствуваа на роденденскиот настан на нивниот колега актер Мустафа Мерт Коч.

Дујгу Саришин и Чагатај Улусој и се добро познати на нашата публика. Моментално актуелна на каналот Dizi е Дујгу во улогата на Бурчу во драматичната хит серија „Мали убиства“.

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финалните недели од „Луда куќа“ во 19 часот на Канал 5

Нови авантури во животот на Асланови. Нови згоди и незгоди на ликовите во хит комедијата …

error: Содржината е заштитена!