Почетна / Забава / Јала Брат, Буба Корели и Николија на 9 февруари во Скопје

Јала Брат, Буба Корели и Николија на 9 февруари во Скопје

Едни од најактуелните изведувачи во регионот, Јала Брат, Буба Корели и Николија, на 9 февруари (сабота) закажаа свој настап во ВИП Арена Борис Трајковски во Скопје. Со почеток во 20.00 часот, на гламурозна сцена во главниот град, ќе се нижат хитовите на една нова генерација музичари која што во моментов полни сали и распродава концерти низ целиот регион. Пред нив, загревање, на сцената во Борис Трајковски ќе биде Dj Zdravko.


„Јала Брат, Буба Корели и Николија во моментов се едни од најбараните и наслушаните  изведувачи во регионот. Имаат голем број фанови и во Македонија и среќни сме што успеавме да ги договориме на почетокот на оваа 2019 година во која што ветуваме уште многу други концерти на најпознатите од регионот и пошироко“ – велат организаторите Балканска музичка продукција.
„Клинка“, „Мафија“, „Право време“, „Нема боље“, „Слажем“, „Нема лимита“, „Гламур“…ова се само дел од песните со милионски прегледи на Јутјуб, кој што ќе ги слушнете и на 9 февруари во Скопје. Цената на влезниците е 600 денари за партер. Истите се веќе пуштени во продажба, во продажната мрежа на мктикетс.

Буба Корели и Јала Брат се босански рапери и музички продуценти со повеќе од 30 заеднички песни и два студиски албуми, „Пакт со ѓаволот“ и „Круна“. Многу одамна почнуваат да се занимаваат со музика, но регионалната сцена ги забележува во 2014 година. Николија пак, инаку ќерка на познатата српска пејачка Весна Змијанац, по студиите во странство, во 2013 година се враќа во Србија и почнува сосема поинаква музичка кариера од својата позната мајка. Денес Николија е една од најбараните изведувачи низ белградските дискотеки со свои хитови и студиски албуми и милионски аудиториум на својот јутјуб канал.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | Танц или секс во живо во Њујорк за Нова година?

Интересно видео е деновиве актуелно на социјалните мрежи. На Тајмс Сквер во Њујорк милиони луѓе …