Почетна / Серии / Теленовели / Јагиз ги изненади фановите : Да сум женско, би глумел лезбејка

Јагиз ги изненади фановите : Да сум женско, би глумел лезбејка

Мегахитот “Ќерките на Фазилет” секојдневно прибира нови гледачи, емитирајќи се на програмата на телевизија Сител секоја вечер во 20.45 часот. Новото играно задоволство ги освојува срцата на гледачите не само поради класичната приказна и комичниот лик на Фазилет, туку и поради низата заводници кои се дел од актерската екипа. Веќе пишувавме за Синан, а сега нешто и за другиот брат од богатото семејство Егеман.

31 годишниот актер Чаглар Ертугрул го толкува ликот на Јагиз, кој собра енормно голема база на обожавателки во Турција и земјите каде се емитуваше ТВ серијата. Машинскиот инженер, по професија, сепак заведе многу женски погледи токму како актер. Па на социјалните мрежи гледачките постојано му пишуваат коментари и прашања, на кои актерот со задоволство одговара.

Едно од нив е и : Каков лик би сакале да глумите на тв екрнаите доколку сте девојка, а не маж? Одговорот ги насмеал и шокирал гледачките, а гласел :
– Да сум жена, сигурно би глумел лезбејка. Логично, не би знаел како да се додворувам на машките. Затоа би бил лезбејка.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сител ја прекина „Далеку од дома“, продолженијата од есен

Од понеделник (3 јуни), турската историска драма “Далеку од дома” нема да се емитува на …