Почетна / Сапуници / Италијанската „Фамилија“ за летно опуштено попладне на Сител
Италијанската адаптација на познатата "Parenthood" секој ден на Сител

Италијанската „Фамилија“ за летно опуштено попладне на Сител

Нова италијанска семејна драма од понеделник до недела на Сител телевизија. Голема фамилија во голема животна битка за различни љубовни, економски, семејни прашања. Во оваа фамилија, сите ќе бидат секогаш за еден и еден ќе биде секогаш за другите.

Сара Фераро, самохрана мајка на тинејџерите Амбра и Денис, не можејќи да најде стабилна работа, се враќа да живее во куќата на нејзините родители, Еторе и Ема, кои живеат во близина на Фиумичино.

Во куќата на родителите, Сара се среќава со сестрата Џулија и браќата Алесандро и Карло. Џулија е успешна адвокатка и мажена со Лука, а воедно е мајка на 5 ипол годишно девојче по име Матилде.

Алесандро е оженет со Кристина и има две деца, Федерика и Масимилијано, кој има Аспергеров синдром, а пак Карло е незрелиот член на фамилијата, кој одбива да изгради стабилна романтична врска, иако е свршен со Валентина.

Неговиот живот се менува од корен кога во големата фамилија се појавува Февен, неговата бивша девојка која доаѓа со Робел, синот на Карло, за кој Карло не ни бил свесен дека постои.

Од понеделник до петок, дружете се со италијанската “Фамилија”, секој ден до крајот на летото.

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На местото на „Тоскана“, нова италијанска серија на ТВ 24

Наспроти позадината на општествените востанија и класните борби во Италија непосредно пред Првата светска војна, …

error: Содржината е заштитена!